сабота, 27 јули 2024
Став на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Mуцунски: Не гласавме за Владата зашто ДУИ е неодговорна партија кон институциите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во телевизиско гостување вечерва рече дека иако партијата учествува во техничката влада, дека пратениците не гласаа на денешната седница за избор на таа влада под раководство на Талат Џафери зашто, како што нагласи, станува збор за ДУИ која е недоговорна кон институциите и вплеткана во корупциски скандали.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сметаме дека е и законски несоодветно, но и морално и етички, премиер да биде претставник од ДУИ, која партија ја следат низа скандали. Ќе набројам само два, на 100 метри од нас видовме како едно момче од 28 години го купи трговскиот центар Соравиа. А, пред неколку недели видовме како претседател на локален огранок на ДУИ во моментов кога триесетина авиони летаа над небото на Македонија, влезе во кулата за авио – контрола во нашата држава, критичен елемент на нашата безбедносна инфраструктура. Значи тоа е ДУИ“, рече Муцунски за интервју на ТВ 21.

Според Муцунски, желбата за етнизација на состојбите во државата е тема која што ДУИ ќе сака да ја вметне и во изборниот период.

„Наместо да зборуваме за инвестиции, наместо да зборуваме за владеење на правото, наместо да зборуваме за ценење на луѓето врз основа на нивните успеси и индивидуални резултати и нивното образование, ние зборуваме за етнички прашања. А, тоа единствено им одговара на СДС и на ДУИ. Зошто само тоа на нив им одговара? Бидејќи не можат да се пофалат со ниту еден успех“, рече Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ