сабота, 27 јули 2024

Муцунски доби казна од 88.000 евра оти го истури ѓубрето пред Дрисла, порача дека Арсовска води политичко ривалство

Објавено на

часот

Сподели

Посочуваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП Дрисла го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија.

„Рокот за подмирување на казната е осум  дена од денот на изрекувањето, во спротивно дополнително  ќе се наплати. Против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави“, се наведува во соопштението.

Како целосна лага, смислена во „центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје, ја оценуваат од Општина Аеродром информацијата погоре изнесената информација. 

Оттаму сметаат дека непознавањето на законите, ниското ниво на политичка култура и политичкото ривалство кое кај градоначалничката Данела Арсовска е сведено на ниво на политичка омраза, оди до таму што по нејзин налог извршителите во градот Скопје изрекле монтирана и целосно неточна прекршочна санкција за Општина Аеродром.

„До овој момент до Општина Аеродром нема стигнато никаква документација поврзана со наводите наведени во соопштението до медиумите. По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска“, информираат од Општината.

Од Аеродром тврдат дека Арсовска е единствениот виновник за комуналниот хаос во градот, па  наместо да диригира смешни прекршочни решенија, и препорачуваат да се посвети на проектите ветени пред граѓаните, како гимназијата во Аеродром, Мега паркот зад ФФМ, Иновацискиот парк зад кулите на Џевахир и булеварот Васко Карангелески.

„Политичката омраза, креирањето лажни постапки и паушалното пласирање скандали се карактеристика за слабите политичари и лошите менаџери и тие само очаен обид за дефокус на јавноста од реалните проблеми со кои се соочува градот. Политичкото ривалство треба да се води на цивилизиран начин, онака како што доликува на современи политичари, преку инвестиции, грижа за граѓаните и реализација на проекти. Најодговорно тврдиме дека во изминатиот период Општина Аеродром има повеќе реализирани проекти во споредба со сите проекти на Арсовска во цело Скопје“, соопштуваат од Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ