недела, 20 октомври 2024

Муцунски во Будимпешта по покана на Сијарто

Објавено на

часот

Сподели

Централни теми во разговорите на министрите се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година. По средбата на двајцата министри, предвидена е конференција за медиумите.

Муцунски ќе оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија, соопшти МНР на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ