Ваквите средби се клучни за зајакнување на стратешкото партнерство помеѓу двете земји, напиша Муцунски.
За време на посетата Муцунски имал можност да се сретне со високи американски претставници, а разговорите биле насочени кон зацврстување на билатералната соработка помеѓу двете земји.
Според официјалното соопштение на МНР, министерот бил во работна посета во Вашингтон, САД за продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции.
„Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, Брендон Јодер, потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и лица вклучени во транзицискиот тим на претседателот Трамп. Дополнително, тој имаше средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот.
Фокусот на политичките средби беше ставен на унапредување на билатералната соработка, заедничките заложби за глобалната безбедност и трансатлантската соработка. Во разговорите со бизнис заедницата, акцентот беше ставен на преставување на можностите за инвестирање во државата и зајакнување на трговските врски помеѓу двете земји“, се вели во соопштението на МНР.