сабота, 4 јануари 2025

Муцунски : Преку дијалог да бараме решенија на отворените прашања

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во новогодишната видеочеститка порачува дека фокусот во 2025 година ќе биде евроинтеграцијата на државата, придонесот во НАТО и цврстото партнерство со САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата година беше значајна пресвртница на државен план, година на промени што носат вистинско подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена“, вели меѓу другото Муцунски.

Тој наведува дека изминатата година била исполнета со предизвици, но и со значајни успеси, наведувајќи голем број билатерални средби, зајакнатиот углед на државата,  активен придонес во меѓународните организации, развивање на силни партнерства, како и придонес во глобалната политика мир и безбедност.

„Чекорејќи по патот што успешно го трасиравме минатата година, во 2025 година ќе продолжиме да градиме партнерства, преку дијалог да бараме решенија на отворените прашања и со меѓусебна почит и разбирање да останеме кредибилен меѓународен партнер. Евроинтеграцијата и понатаму останува во фокусот како и нашиот придонес во НАТО и цврстото партнерство со САД“, вели Муцунски во видео честитката објавена на неговиот официјален фејсбук профил.

Подвлекува притоа дека дијалогот е основа на дипломатијата.

„Дијалогот е клучот за дипломатијата, а таа пак се заснова нa преговарање, иновации и неуморно барање политички решенија кои поттикнуваат мир и стабилност. Во тој дух, ви посакувам Новата година да донесе здравје, радост, меѓусебно почитување и успех на приватен и професионален план“, порача министерот Муцунски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ