Петтемина пациенти се префрлени на лекување во Загреб – четворица на Клиниката за трауматологија, а еден на Клиниката за детски болести, јавија хрватски медиуми.
„Тука сум како претставник на држава која тагува за 59 изгубени животи“, рече Муцунски пред Клиниката за трауматологија во Загреб, додавајќи дека „нема содветни зборови кои можат да се кажат во овој момент“.
Муцунски уште еднаш се заблагодари на Хрватска за искрената солидарност којашто ја искажала по трагедијата во неделата.
Хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања, Горан Грлиќ Радман во изјава пред болницата рече дека Хрватска е згрозена од трагедијата во Кочани, оти е тешко да се пронајдат зборови за утеха за трагедијата, но Хрватска може да покаже солидарност „една од најважните компоненти за помош – покажување емпатија кон соседот и кон пријателот“.
„По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, вчера во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани. Сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност“, изјави вчера министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ.