четврток, 23 мај 2024
Претседателски избори 2024

Муцунски: Oвие избори се почеток на крајот на оваа власт

Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција веднаш по затворањето на гласачките места рече дека овие избори се почеток на крајот на оваа власт. Тој додаде дека денес граѓаните покажале дека овие избори им се важни и излегле да гласаат во голем процент, а првични резултати најави за околу половина час.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните денес покажаа висока свест за тоа колкава е важноста на овие избори. Тие знаат како да пристапат и дека ова е крстопат за да се развива нашата татковина. Изборите минаа во фер и демократска атмосфера и тие денес се почеток на крајот на оваа власт“, изјави Муцунски.

Тој најави дека за околу половина час ќе може да излезат со првични резултати за денешните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ