Како што информира МНР, на средбата била потврдена „одличната соработка помеѓу Македонија и Турција во бизнисот и економијата со надеж дека таа ќе продолжи и во следниот период, а активностите ќе бидат насочени кон понатамошно мотивирање на нови странски компании кои ќе инвестираат во земјата.
„На средбата од страна на министерот Муцунски беа претставени преземените надлежности и одговорности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на странските инвестиции, нагласувајќи дека министерството во иднина ќе претставува вистински сервис на компаниите кои ќе одлучат да инвестираат во државата. Имајќи го предвид посточекиот договор за слободна трговија, двете страна го потврдија значење на трговската соработка помеѓу двете земји и притоа ја нагласија важноста која истата ја има за двете економии“, соопшти МНР.
Претставниците на стопанската комора истакнале дека МАТТО претставува сервис на турските инвестиции во нашата држава.
„Притоа од нивна страна беа презентирани активностите кои се планирани во следниот период, како и можноста за организација и посета на бизнис-форуми каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија“, наведува Министерството во соопштението.