Министерот Муцунски во своето обраќање се осврнал на улогата на земјава во борбата против ИСИС и тероризмот во глобални рамки.
„За целосна победа над ИСИС, што е и единствена цел на оваа Коалиција се потребни координирани и сеопфатни напори, како држава сме целосно посветени на борбата против ИСИС и активно учествуваме во напорите на Коалицијата“, истакна Муцунски.
Во рамки на Конференцијата, што се одржува на министерско ниво, учесниците разговарале за можните опции и транзицијата на воените операции на Коалицијата, за континуираните закани и предизвици, а ја реафирмирале и важноста на засилените цивилни напори и прашањето на репатријацијата.