петок, 28 февруари 2025

Муцунски – Фидан: Реафирмирана подготвеноста за унапредување на билатералната соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ), Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Турција, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНРНТ, на средбата била потврдена одличната и традиционално пријателска соработка меѓу двете земји, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. Двајцата министри разговарале за унапредување на односите во областите од заемен интерес, со посебен акцент на економската соработка и можностите за нејзино продлабочување, како во надворешно-трговскиот, така и во инвестицискиот сегмент.

„Во фокусот на средбата беше и Заедничката политичка декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу владите на двете држави, која беше потпишана. Овој Совет ќе има за цел унапредување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес – на билатерално, регионално и глобално ниво“, се наведува во соопштението.

Министрите Муцунски и Фидан, се додава, ја реафирмирале и подготвеноста за продолжување на билатералната соработка во сите клучни области и ја потенцираа важноста на заедничките напори за унапредување на регионалната стабилност, економскиот развој и политичката соработка помеѓу двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ