сабота, 27 јули 2024

Муцунски: Аеродром го потпиша договорот од 9 милиони евра за паметен град

Денеска е потпишан договорот со кој се официјализира почетокот на јавното-приватно партнерство помеѓу општината Аеродром и корпорацијата Crescent NV со цел имплементација на проектот за смарт односно паметен Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој проект е само почеток на дигиталните решенија кои што ќе се нудат во нашата општина во следните години. Посебно ме радува што иницијалната инвестиција која што ќе ја прави корперацијата Crescent NV во Општина Аеродром, на почетокот е некаде околу 9 милиони евра. Се работи за реномирана меѓународна компанија која котира на Бриселската берза, но уште повеќе нè радува што во имплементацијата на нивниот проект тие инкорпорираат и домашни, македонски компании, меѓу кои што ги вбројуваме А1 и Ассеко. Се работи за дигитални решенија насочени кон паметно осветлување, паметна мобилност, воспоставување на бесплатни интернет зони на територија на општина Аеродром, ќе има многу решенија кои граѓаните ќе ги сведочат во следниот период, а кој што понатаму ќе се прошируваат и надградуваат согласно технолошкиот развој кој што се шири во глобалниот свет.

За нас е ова еден значаен исчекор, исчекор кој што во следните 6 месеци отприлика ќе ја направи Аеродром првата паметна општина поширока класификација на територија на цела Република Македонија и се радуваме што реализираме уште едно ветување дадено во последната кампања за локалните избори“, рече Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и претседателот на на ВМРО-ДПММНЕ Христјан Мицкоски.

„Жителите на општина Аеродром ќе имаат навистина едно би рекол посебно решение кое што ќе одговара на нивните потреби. И она што е важно како што и самиот проект вели ќе се зголеми транспарентноста, ќе се зголеми отчетноста во однос на тоа каква е навистина животната средина, квалитетот на воздухот, но и истовремено ќе се намалат трошоците кои што во моментот Општина Аеродром и граѓаните на општината практично ги плаќаат. И ќе останат повеќе пари и средства за капитални инвестиции.
Ова е еден фантастичен проект и очекувам да се прошири и во другите општини во Македонија, но од Македонија да го прошириме и во другите држави во регионот“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ