Според информациите од полицијата, вчера околу 15 часот Шакир Р. (26) и неговиот братучед З.Р. (26) од кичевско Жубрино се возеле во автомобил „голф“ заедно со братот на сопругата на Шакир, Ф.А., низ Кичево.
Во еден момент зетот и шурата почнале да се расправаат, поради семејни недоразбирања, по што Ф.А., кој седел на задното седиште од автомобилот, со нож го избодел Шакир по вратот и по грбот.
Шакир Р. го запрел автомобилот на раскрсницата од булеварот Ослободување и улицата Рудничка и излегол. Ф.А. избегал од местото, а случаен минувач што го забележал повредениот ја повикал полицијата. Повредениот Шакир Р. Веднаш бил пренесен во кичевската болница.
Полицијата кратко потоа го пронашла напаѓачот и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.