сабота, 27 јули 2024

Му ветувал престој и работа, а го измамил со 8.000 евра

Маж од Гостивар пријавил измама откако лице со кое комуницирал електронски му ветувало документи за престој и работа во европска земја, а за услугата му побарало и добило 8.000 евра.

Фото: Пиксабај

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата дваесет и осумгодишниот Џ.Ќ. од гостиварско село, вчера во 15 часот во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8.000 евра.

Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен.

Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ