сабота, 27 јули 2024

Му удрил бокс на полициски началник, му вперил пиштол и испукал, обвинителството за инцидентот во Чаир

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението е наведено дека Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тоа лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 28-годишник, на 23 мај, пред угостителски објект на улицата ‘Македонско-косовска бригада’ во Скопје, нападнал и телесно повредил полициски службеник – началник на ЕВР Чаир, кој постапувал и вршел контрола на службите на терен во врска со кампањата ‘Безбедна матурска прослава’. Осомничениот најпрвин вербално му се заканил на полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со бокс во пределот на раката. Осомничениот извадил и огнено оружје – пиштол марка ‘Сиг Сауер’ со калибар 9 мм, со 10 куршуми во рамката, кој го поседувал без дозвола, го репетирал и го вперил кон оштетениот. Еден од другите присутни полициски службеници му ја оттурнал раката, при што осомничениот испукал еден проектил во воздух, а веднаш потоа бил совладан од присутните полицајци“, се вели во соопштението на обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Инаку, во првичното соопштение на МВР беше наведено дека лицето М.Љ. откако испукал куршум во воздух, бил совладан, но потоа успел да избега, а самиот ѝ се предал на полицијата наредниот ден. Самиот инцидент се случил откако полициската контрола сопрела возило кое незаконски имало ротациони светла.

Според информациите на медиумите, во инцидентот се вклучиле повеќе лица кои дошле од ресторанот каде се славело нешто, при што барале да биде пуштен М.Љ. Пристуни биле и функционери од ДУИ, а интервенција наводно се барале од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани. Останало нејасно дали Асани интервенирал или пак и самиот пристигнал на местото на инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ