четврток, 2 јануари 2025

Му ставиле моторна пила на врат на полицаец оти ги фатил на лице место како крадат дрва

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело, спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ОЈО Велес, тројцата соизвршители, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја на Агрокомбинатот „Лозар” – Велес, со употреба на сила и сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи.

Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот.

За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ