петок, 18 октомври 2024

Му се оствари сонот, Хојлунд стана играч на Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

Данскиот напаѓач пристигна на Олд Трафорд од Аталанта за сума од околу 70 милиони евра.

„Расмус Хојлунд му се приклучи на Манчестер јунајтед потпишувајќи договор до јуни 2028 година со опција за уште една сезона“, стои во соопштението на клубот.

Данецот открива дека од мал е навивач на Манчестер јунајтед.

„Не е тајна дека јас сум фан на овој голем клуб уште од мало момче, сонував да стапнам на Олд Трафорд како фудбалер на Манчестер јунајтед“, вели Хојлунд.

„Многу сум возбуден за оваа можност што сонот можам да го претворам во реалност и посветен сум да вратам за довербата која клубот ја покажа во мене. На почетокот од мојата кариера сум, но знам дека сум подготвен да истапам напред и да играм со оваа група на фудбалери од светска класа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ