сабота, 27 јули 2024
Провоцирал со навредливи коментари за да го исфрли од ритам

Му се извини на Ди Марија за работите што ги кажал за неговата жена: Најголемoто каење во мојата кариера

Поранешниот фудбалер на Атлетико, Филипе Луис му се извини на Анхел Ди Марија за невкусните коментари за неговата жена, со кој се обидел да го исфрли од ритам на едно градско дерби на Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Провокациите на теренот се составен дел од фудбалот, но Филипе Луис сега откако стави крај на кариерата, откри дека еднаш претерал и побара прошка.

Поранешниот фудбалер на Атлетико раскажа како на едно градско дерби против Реал Мадрид упатил невкусни коментари за жената на Анхел Ди Марија и со леснотија ги добил сите дуели против Аргентинецот.

„Ќе си ја отворам душата и ќе го кажам најголемото каање во мојата кариера. Доколку има една работа која жалам што сум ја направил, и би сакал да ја исправам, тоа е против Анхел Ди Марија“ – вели Бразилецот.

„На еден натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, Кун Агуеро ми кажа, „Ако му ја спомнеш жената, ќе побудали“. Па упатив невкусни коментари за неговата жена и тој се изгуби. Лесно ги добив сите дуели со него, го надмудрив цел натпревар“.

„Но кога дојдов дома, толку многу се каев… па Ди Марија, навистина ми е жал што ти го направив тоа, извини“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ