Според полицијата, настанот се случил во менувачницата „Емар – Лиме“ на улица Крсте Арсенов кога вооружен напаѓач влегол во менувачницата и со вперен сигнален пиштол побарал од сопственикот М.Р. (43) да му даде пари.
При обидот за грабеж напаѓачот испукал еден куршум, но без последици врз сопственикот, кој веднаш извадил свој пиштол и испукал кон напаѓачот, но исто така не погодил.
По ова напаѓачот се исплашил, го фрлил пиштолот и избегал.
Во инцидентот немало повредени.