сабота, 27 јули 2024

МТСП: Незаконска и неморална е одлуката на Владата за случајот во Радовиш

Вчера доцна попладне, на предлог на дополнителната министерка Јованка Тренчевска, Владата донела нелогична, противзаконска и крајно неморална одлука, реагира денеска Министерството за труд и социјална политика(ММТСП) откако Владата вчера на седница го врати на работа директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш кој беше фатен со дрога, а поради тоа министерот Ѓоко Велковски гоо разреши од должноста.

Објавено на

часот

Сподели

„Замислете, поништено е решението со кое се разрешува директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш. Директорот Александар Филев беше разрешен на 4 април 2024 заради поднесена една кривична пријава и 3 прекршочни пријави од страна на Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш. На 9 март МВР информираше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец, Филев бил приведен во полиција за недозволена трговија со дрога“, пишува во реакцијата на МТСП.

Оттаму наведуваат дека токму поради ова и поради „тешки повреди на угледот на институцијата министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за  негово разрешување“.

„Ја прашуваме, јавно, дополнителната министерка Јована Тренчевска дали е свесна за штетата која ја прави на Центарот за Социјални работи Радовиш и на Министерствотo кое во дел од својата работа е да заштити жртви токму од вакви дејствија како што ги направил кадарот која таа го поставила. На што сѐ сте подготвени за да ги заштите вашите кадри?“, ја прашаа Тренчевска од Министерството во кое таа е дополнителна заменичка министерка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ