среда, 23 октомври 2024

МТСП ги отвори и ги презентираше методите за раст на платите во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството, на седницата била презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година, односно зголемување на платите во период од 2,5 години. 

Седницата на ЕСС ќе продолжи во понеделник, а ќе се разгледуваат новите понудени предлози за пресметка на платата на вработените во јавниот сектор.

„По конструктивната дискусија меѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2,5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите“, наведува МТСП.

Со седницата претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На ЕСС беа присутни вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, државната секретарка на Министерството за економија Размена Чекиќ – Дуровиќ, претставници на синдикатите, работодавачите и институциите.

Седницата почна со едноминутно молчење и оддавање почит кон прерано починатиот Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите (ССМ). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ