вторник, 18 март 2025

Мтел Македонија донираше 50.000 евра како поддршка за настраданите од трагедијата во Кочани

Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка. Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е моментот да покажеме дека сме заедно, дека подадената рака може да донесе надеж и дека никој не треба да се чувствува сам во оваа несреќа, се наведува во соопштението на Мтел.

Објавено на

часот

Сподели

„Со длабока емпатија и желба да дадеме конкретна помош, МТЕЛ донира 3.000.000 денари на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст. Ова е само дел од нашата заложба да помогнеме во овие тешки моменти, но знаеме дека помошта не треба да запре тука. Заедно можеме повеќе, заедно можеме да дадеме надеж, да им помогнеме на оние што изгубија најмногу“, велат од Мтел Македонија и додаваат дека во овие тешки мигови, Мтел е со Кочани.

Од компанијата ги повикаа сите граѓани да бидат заедно во солидарноста. Секој од корисниците на Мтел од денеска може да помогне со едноставен повик на телефонскиот број 143 400 или со директна донација на сметката – Фонд на солидарноста на Црвениот крст на сметка – 300000001327966, даночен број – 4030984271620​, АД Комерцијална банка​ со назнака „Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани“.

„Mожеби не можеме да ја избришеме болката, но можеме да бидеме потсетник дека никој не е сам во најтешките моменти“, велат од Мтел.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ