петок, 26 јули 2024

МСМЈЛК ја започна кампањата „Радио седмица на македонистиката“

Од 5 до 11 февруари 2024 се одржува кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МСМЈЛК при УКИМ, кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид.

„Целта на кампањата е да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, актуелизирајќи ја 2024 за Година на македонистиката“, наведува МСМЈЛК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ