„Родилката (21 г.) беше со неконтролирана бременост во Германија, а во нашата клиничка болница се јави со вишок на плодова вода во деветтиот месец од бременоста. Бебето беше породено со царски рез, немалтретирано, но за жал без знаци на живот. Разговаравме и со родилката која и претходно имала породување со мртво бебе“, изјави за МИА, д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница – Битола.
Иако, како што вели директорката станува збор за несреќен случај, ќе се прави дополнително испитување на причините за смртта на бебето на родилката.