петок, 18 октомври 2024
Македонската одбојка ќе добие и своја химна

МРТ подготвува документарен филм за одбојкарите пред настапот на Европското првенство

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е еден од домаќините на престојното Европско првенство во одбојка кое ќе се одржи од 28. август до 16. септември. Покрај нас организатори се Италија, Бугарија и Израел. За првпат континенталниот турнир ќе се игра во четири земји.

Во Скопје ќе се играат натпреварите од групата Ц во која покрај Македонија се уште и Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.

Македонската радио телевизија (МРТ) подготвува документарен филм за успесите на македонските одбојкари во изминатите години. Филмот треба да биде готов пред почетокот на првенството.

„Македонските одбојкари немаа лесен пат, но тие никогаш не се откажаа од своите соништа. Тие беа упорни, веруваа во себе, работеа напорно и ние во Македонската радио телевизија се радувавме на нивната радост. Сакаме да го свртиме вниманието кон нивната работа, да создадеме трајна снимка за она што тие го живееле во изминатите неколку години и на тој начин да го промовираме Европското првенство 2023 на наш начин“, вели за официјалниот сајт на ЦЕВ спортскиот коментатор на МРТ и сценарист на документарецот Тони Стојановски.

3

Режисерот на документарецот, Тони Ристовски верува дека филмот ќе влијае мотивирачки на одбојкарите, а ќе привлече и повеќе публика во салата за време на Европското првенство.

„Ние ги пренесуваме домашните натпревари на македонската репрезентација, така ќе биде и на Европското првенство 2023. Постојано сме со играчите, ги пренесувавме и претходните две европски првенства, така што имаме обемен архивски материјал за да создадеме добар производ. Се надевам дека ќе им се допадне на сите и дека ќе предизвика дополнителен мотив кај играчите да тренираат и играат, а кај гледачите желба да ја наполнат арената „Борис Трајковски“ и да ја бодрат македонската репрезентација“, вели режисерот Тони Ристовски.

s

МРТ создава и промотивен материјал со кој ќе ги кани гледачите да дојдат на шампионатот, а македонската одбојка ќе добие и своја химна која ќе треба да биде белег не само на Европското првенство, туку и на секој следен натпревар на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ