сабота, 27 јули 2024

Мрежите мируваа во Кратово на мечот меѓу Силекс и Гостивар

Фудбалерите на Силекс и Гостивар одиграа без голови, 0-0 во првиот меч од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Шанси имаше, но не и голови. Кехинде имаше две одлични шанси во првото полувреме, но не го пронајде патот до мрежата на Божиновски. Исто така и Силекс се закани кон голот на гостите, меѓутоа мрежите мируваа по првите 45 минути.

Гостивар повторно напаѓаше во вториот дел, но не успеа да го матира расположениот Божиновски, а во завршницата Билали доби црвен картон, па Милосављевиќ имаше одлична шанса, но Ерсу го одбрани неговиот удар.

Силекс по 26 одиграни меча се наоѓа на четвртата позиција со 37 бодови, додека Гостивар е на шестото место со 33 бода.

Утре се играат преостанатите пет меча: Брегалница – Шкупи, Македонија ЃП – Шкендија, Тиквеш – Брера, Вардар – Струга, Воска – Работнички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ