петок, 18 октомври 2024

МПЦ-ОА : Законите за родова еднаквост и за матична евиденција ќе ги загрозат правата на 99 отсто од граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

„Изразувањето на протестот е против новиот контекст што му се дава на поимот род и истиот се злоупотребува во предлог-законот за матична евиденција кој што предвидува промена во ознаката за пол“, рече епископот Јаков Стобиски.

Тој се огради од евентуален говор на омраза и скандирање и рече дека соопштението од 7 мај го потпишале поглаварите на сите верски заедници во Македонија. Што се однесува до протестот, епископот кажа дека „тука сме едногласни“.

„Поддршката е апсолутна и се надеваме на нивното присуство“, рече епископот Јаков Стобиски.

Тој појасни дека МПЦ не е против остварувањето на нечии права туку сметаат дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава.

„Овие закони сериозно ќе го загрозат правото на вероисповед затоа што не само што ќе се редефинира целокупното општество туку ќе се ограничи и слободата на говор особено во делот на родово сензитивниот јазик. Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права да се остваруваат права, нема да речам на малциска група, затоа што во очите на Бог само една човечка душа има вредност колку сиот свет“, рече епископот. 

На новинарско прашање дали ќе учествуваат во дебата за овие предлог-закони, тој рече дека црквата веќе учествува во јавната дебата за посочените закони и ќе продолжи да учествува, а има и свои предлози.

„Црквата е и мора да остане своевиден коректив на совеста на општеството. И токму заради тоа се бориме. Никој нема право да ни го забрани тоа. Што се однесува до одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, е за поздравување иако тоа е партиска одлука. Сега се на потег сите механизми на Владата и да видиме Владата како ќе се произнесе“, вели епископот Јаков Стобиски.  

Измените и дополнувањата Законот за матичната евиденција беа усвоени во Собранието по скратена постапка, со што се овозможува законска основа до крајот на годинава над 700 лица во земјава, претежно од ромска националност кои се неевидентирани, да бидат запишани во Матичната книга на родените.

Со предлог-законот за родова еднаквост пак се предвидува графа во која граѓаните ќе може да се произнесат како се чувствуваат и како кој пол би сакале да бидат запишани. Односно, со промената на законот вусшност се дава право на граѓаните да го сменат својот пол со изјава заверена на нотар, што е протолкувано дека во иднина ќе им овозможи и со промена на полот во личната карта да склучуваат и хомосексуални бракови

Протестот е закажан за в четврток во 18 часот пред Соброниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ