„Светиот архијерејки синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата.
Поради тоа, САС на МПЦ-ОА повикува на сенароден собир во четврток од 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје“, соопшти МПЦ-ОА.