сабота, 27 јули 2024

MПЦ-ОА ќе го проучува статусот на Православната црква на Украина

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА) денеска на својата редовна седница во работен состав формирал комисија која треба да го проучи статусот на Православната црква во Украина, која уште во 2019 година доби автокефалност од Вселенската патријаршија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Претседател на комисијата е митрополитот брегалнички Иларион, а потпретседател е епископот дељадровско-илинденски Јоаким.

Чани во март Синодот на МПЦ-ОА одлучи да не се сослужува со јерархијата на Православната црква во Украина се до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на православието.

Пред еден месец портпаролот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј изјави дека токму прашањето за статусот на Украинската православна црква е главната пречка за застој на преговорите меѓу Македонската православна црква и Вселенската патријаршија (ВП) за добивање официјален томос за автокефалност на нашата црква. За МПЦ-ОА Украинската православна црква е неканонска црква, иако е призната од Вселенската патријаршија и од три грчки православни цркви, но не и од Руската православна црква.

Автокефалноста на МПЦ е призната од Српската, Руската, Бугарската и Романската, но не и од Вселенската патријаршија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ