четврток, 12 декември 2024

МПЦ-ОА е загрижена за состојбите во Сирија и Либан, нов портпарол е епископот Климент

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана денеска, во просториите на Македонската архиепископија, разгледала повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот на Света црква.

Објавено на

часот

Сподели

„Синодот ја изразува својата длабока загриженост за новонастанатата состојба во Сирија и во Либан, како и за засегнатите верни чеда на Антиохиската патријаршија. Исто така, како сестринска црква, искрено сострадувајќи, го молиме семилостивиот Бог, кој ги успокојува обременетите (Мт. 11, 28), да ги благослови сириските и христијаните на истокот – пастирствувани од неговото блаженство патријархот Антиохиски и на целиот Исток Јован Х – и да ги укрепи во верата и надежта, притоа дарувајќи им го неопходниот мир“, се наведува во соопштението на МПЦ-ОА.

Синодот уште информираше дека четириесетдневниот помен на митрополитот Тимотеј ќе се изврши на 3 јануари 2025 година, на Плаошник во Охрид.

Во иднина, соопштија од МПЦ-ОА, дека секретарот на синодот, неговото преосвештенство епископ Хераклејски г. Климент ќе ја извршува должноста портпарол на синодот на МПЦ – ОА. Неговата должност ќе започне на 1 јануари 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ