вторник, 5 ноември 2024

МПЦ им додели орден на Сашо и Влатко Мијалкови за спонзорство на црквата во Ново Село

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и неговиот брат, Владимир Мијалков добија одликување од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, за ктиторство на црквата во Ново Село, Штип, објави порталот религија.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Орденот „Свети Николај“ на Мијалкови вчера им го додели Брегалничкиот митрополит Иларион.

Двајцата браќа се спонзори на црквата „Свети великомаченик Димитриј“ во штипско Ново Село, од каде тие потекнуваат.

Новата црква вчера беше осветена, а осветувањето го изврши архиепископот Стефан во сослужение на митрополитотот Иларион и епископот Јаков.

Мијалков е на црната листа на САД, а ова му е прво појавување во јавност по излегувањето од струшкиот затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ