сабота, 27 јули 2024

Можно соседско дерби во финалето на Купот

Објавено на

часот

Сподели

Вардар против Ренова ќе се бори за првото финале по пауза од пет години, кога и последен пат триумфираше во националниот куп за да го освои шестиот трофеј. Во есенскиот доминантен дел на вардарци, токму против тимот од Џепчиште се покажа како „тврд орев“ и во 90 минути црвено-црните не направија сериозна шанса за гол. Но сега Вардар е далеку поподготвен од тогашниот прволигашки дуел, а и Ренова загуби неколку првотимци, со што тимот не е ни одблизу толку силен како до пред една година.

Работнички, пак, ја извлече премијата Турново, со оглед дека сезонава претпоследниот тим во Првата лига, грчевито се бори за опстанок, па многу поверојатно е дека тимот од југоистокот на земјава повеќе ќе се концентрира на останување во елитата, отколку кон финале. Работнички, кој, по имиња го имаше најдобриот тим во земјава со нов тренер, Словенецот Роберт Певник, ја има за цел титулата во Купот, и секој резултат освен две победи во полуфиналето ќе биде разочарување за дебармаалци.

Дуелите во полуфиналето се закажани за 4 април, а реваншите за 2 мај. Дуелите почнуваат во 16 часот. Финалето се игра на 24 мај.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ