сабота, 26 октомври 2024

Можно е дрвокрадците да ги оштетиле камерите што откриваат пожари на Пелистер

Двете камери што се поставени на местото „Превалец“ од каде Националниот парк Пелистер Битола се оштетени. Вработените во НП Пелистер од овие камери вршат мониторинг на позиции од Баба Планина за навремено откривање и превенција на пожари. Непознатите сторители не ја зеле опремата, но со оштетување ги ставиле надвор од функција камерите за да не снимаат, јави Битолањуз. Има сомневања дека опремата не е случајно оштетена, можеби се работи за дрвокрадци пред почетокот на грејната сезона.

 

Објавено на

часот

Сподели

 

Камерите се поставени пред две години како донација од прекуграничниот проект со Република Грција и Воена академија „Михајло Апостолски“ со намера да вршат надзор на заштитеното со закон подрачје, и се вмрежени со Министерството за одбрана.

Позицијата каде се поставени камерите е на надморска височина од 1.100 метри, на земјиште на „Национални шуми“ и имаат увид на потпелистерките села Ротино, Цапари, Братиндол, Кажани, Нижеполе до Црвени Петли…

Превалец е видиковец од каде се набљудува цел национален парк.

Случајот е пријавен во СВР Битола, а инспектори биле на терен со цел да се констатира штетата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ