„Треба да патувам на научна конференција во Словенија кон крајот на месецот, а имам пасош што е изваден пред 2 години со старото име и сѐ уште е важечки. Пишувам мејл до словенечката амбасада да прашам дали дозволуваат влез во нивната држава со стари пасоши. Добивам одговор на мејлот во рок од 2 часа во кој се вели дека Словенија нема преземено никакви мерки во однос на важноста на нашите стари пасоши, но со загриженост ме упатуваат дека треба да проверам кај нашите власти дали ќе ме пуштат да излезам и да се вратам во Македонија! Тоа е сѐ што треба да знаете за денес!
Заклучок: можеш да влезеш во држава од ЕУ со стар пасош, ама не можеш да излезеш и да се вратиш во Македонија, пошто сопствената држава те третира како криминалец! Дадена им е наредба на сите гранични работници дека не смеат за излез да пропуштаат Македонци со пасош Република Македонија!“