недела, 20 октомври 2024

Мовембер: Отворена дискусија за машкото здравје по вторпат

Објавено на

часот

Сподели

Поттикнати од идејата и согледувајќи ја реалноста, дека за машкото здравје се зборува многу малку, ЛК Пајко Маало се одлучи, по втор пат, да организира настан со кој ќе се иницира отворена дискусија за машкото здравје во Македонија.

Што е машко здравје?

Кои се аспектите, факторите, ризиците со кои се соочува машката популација?

Какви сѐ редовни прегледи треба да прави еден маж?

Кои физички активности треба да ги практикуваат мажите?

За да одговориме на овие прашања и како можност да се постават уште многу други, Ве покануваме на втората Отворена дискусија за поттикнување на свеста за ГРИЖА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ.

На 23.11.2023 во 19 часот во Нетавил (новите згради спроти Машинскиот факултет).

Наш специјален гостин, кој ќе се потруди да даде одговори е:

•          Хирург-урологот, асс. спец. д-р Димитар Трајковски

Отворената дискусија секогаш е првиот чекор кон запознавањето со животните предизвици.

мовембер

Да не ја заборавиме и хуманоста. Овој настан покрај едукативниот карактер има и хуман елемент.

„Да подадеш рака таму каде што е најпотребно“, тоа е нашата движечка сила и мото што ја инспирира нашата хуманост.

Во чест на меѓународниот феномен Мовембер, сакаме да Ве инспирираме и Вас, да ја разбудите својата хуманост и со мала донација заедно да помогнеме да се промени нечија судбина.

Оваа година нашите желби за подобра иднина му ги испраќаме на 19-годишниот Виктор Боневски, кому помошта му е многу неопходна и итна. Виктор е млад и надежен фудбалер кај кого е дијагностицирана абдоменална малигна неоплазма, за чие лекување во турската болница „ЛИВ“ се потребни преку 60.000 евра.

За време на нашиот настан за грижа за машкото здравје ќе бидат поставени донаторски кутии, каде што секој може да даде свој придонес.

Да дадеме мал придонес за негово брзо оздравување и да го вратиме Виктор повторно на фудбалскиот терен.

донација

 

Се гледаме на 23 ноември!

Настанот се организира со поддршка на Лајонс дистрикт 132 Македонија и Нетанвил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ