сабота, 27 јули 2024

Моторџиите излегоа по убавото време, за 30 од нив полицијата напиша казни

Од 30-те казнети мотоциклисти за време на сообраќајната контрола спроведена низ цела Македонија, најголемиот број се однесува на неносењето заштитна кацига.

Објавено на

часот

Сподели

Девет возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, еден мотоцикл бил нерегистриран, 19 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а еден мотоцикл е времено одземен поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово – 9, потоа на територијата на СВР Велес – 7 и на територијата на СВР Тетово – 5.

Засилените акциски контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради поголема општа безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ