петок, 18 октомври 2024

Мостот во село Пчиња е оштетен пред 10 години, нема пари за поправка

Објавено на

часот

Сподели

Тие кажуваат дека мостот  е оштетен во големата поплава во 2013 година, и оттогаш бараат помош од сите државни и локални институции, но и покрај многуте ветувања никој не им излегол во пресрет. Пред секои избори ги посетуваат политичари од сите партии, но решение за нивниот горлив проблем се уште нема.

„Мостот е во многу лоша состојба, оштетен е 99,9 отсто. Скршени се двата главни столбови кои ја држат средината на мостот, а и другите се оштетени. Прашање на време е кога ќе падне, дали од поплава или од тежина. Поминуваат луѓе со трактори тешки и по 7 тони, лесно може да се случи несреќа. Патот се води како регионален поврзува уште 3 кумановски села и неколку скопски. Ние со години наназад бараме мостот да се поправи или да се  изгради нов, но безуспешно. Има најава дека во 2024 година општина Куманово ќе одвои средства за негова реконструкција, но дали тоа ќе се случи ќе видиме“, вели Александар Илиевски, претседател на месната заедница во селото Пчиња.

м

Тој вели дека доколку мостот се урне околу 250 жители ќе останат без единствената врска кон Куманово, ќе го отсече училиштето, како и селата Вакв, Винце и Длга. Мостот е изграден во седумдесетите години на минатиот век и оттогаш не е поправен.

Предупредувањето дека мостот во селото Пчиња е во опасност од надојдените води, поради што треба да се преземат мерки заштита на граѓаните, вчера испрати Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ