недела, 12 јануари 2025

Мостот „Беласица“ ќе биде затворен најмалку 18 месеци

Објавено на

часот

Сподели

Во најмала рака потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време“, вели професорот Марковски.

Проблемот е во тоа што за носивоста на мостот се задолжени челични кабли кои се сместени во внатрешноста на бетонската конструкција, кои се чувствителни на високи температури.

м

Овие кабли ги губат своите карактеристики ако дојдат во контакт со висока температура. Оттаму, прво што треба да се утврди, а тоа не е нималку лесно, колкава била температурата во каблите во време на пожарот, па потоа да се констатира колкава е нивната носивост, дали е загрозена и колку е редуцирана. Па после тоа следат мерки за санација“, појаснува професорот Марковски.

Мостот е затворен и за пешаци откако под него избувна пожар, за кој причините уште не се утврдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ