среда, 23 октомври 2024

Москва: Вашингтон спрема смена на Зеленски

Надворешната разузнавачка служба на Русија тврди дека американската влада планира да почне силна информативна кампања за да го дискредитира претседателот на Украина Володимир Зеленски и да го примира да ја напушти функцијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се тврди дека Соединетите Американски Држави истражуваат опции за замена на Зеленски со личност која може полесно да се управува и која е помалку корумпирана, пренесува РИА Новости.

„Според информациите на Надворешната разузнавачка служба на Русија, меѓу американската елита расте незадоволството од Зеленски, а и во Демократската и во Републиканската партија се сè погласни оние кои изразуваат сомнеж во „наменското трошење на милијардите долари воена помош“ на Киев. „Зеленски презема безумни чекори кои се закануваат да предизвикаат ескалација далеку од границите на Украина“, истакнува разузнавачката служба на Русија.

Се оценува дека поради тоа американската влада бара замена за него која би им одговарала на повеќето западни сојузници.

Според руските разузнавачки информации, поранешниот министер за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков се смета за најпогоден кандидат поради своите блиски врски со украинските националистички формации и контактите со лидерите на европските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ