сабота, 27 јули 2024

Москва тврди дека украински трупи ја нападнале нуклеарната централа во Запорожје

Управата на Запорошката нуклеарна централа, која е под руска контрола, соопшти дека украинските сили гранатирале критичен инфраструктурен објект во најголемата нуклеарна централа во Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Експлозивната направа паднала во близина на ограда во која се наоѓаат резервоари за дизел гориво, се наведува и се додава дека таквите напади се „неприфатливи“.

Не е познато кога точно се случил нападот, пренесува Ројтерс. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, повеќе пати предупреди на опасноста од нападите врз оваа нуклеарна централа.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за претходните гранатирања на централата, иако руските трупи ја имаат контролата врз комплексот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ