петок, 26 јули 2024

Москва тврди дека американската помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши светската криза

Американската помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши светската криза, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Воената помош за украинскиот режим е директна поддршка за терористички активности“, напиша Захарова на социјалната мрежа Телеграм.

Таа рече дека американската помош за Тајван претставува мешање во внатрешните работи на Кина, а за Израел директен пат до големо влошување на ситуацијата во регионот.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во саботата одобри пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван. Одлуката потоа треба да биде усвоена во Сенатот, горниот дом на Конгресот.

Од тој план за Украина се наменети повеќе од 60 милијарди долари.

Планот предвидува и 13 милијарди долари воена помош за Израел, историскиот сојузник на САД во војната во Појасот Газа против палестинскиот Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација.

Планирани се повеќе од девет милијарди долари за хуманитарна помош за населението во Газа и другите ранливи популации ширум светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ