Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека на црната листа се нашле и јапонскиот амбасадор во Украина Масаши Накагоме, поранешниот амбасадор Кунинори Мацуда и високи функционери на Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏИКА).
Забрана за влез во Русија им е изречена и на шефови на големи јапонски компании, вклучувајќи ги ИХИ корпорејшн, Исузу моторс, Продрон и Сајбердин. Москва го обвини Токиот дека го следи антирускиот курс под притисок на Западот и предупреди на понатамошни последици ако ја продолжи својата рестриктивна политика.
Јапонија ѝ воведе повеќе пакети санкции на Русија од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година.