сабота, 27 јули 2024

Москва: Соборени четири украински проектили истрелани кон Белгород, уништени цели во Украина

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило четири украински ракети истрелани кон Белгород, кој граничи со Украина, и дека во новиот напад ги уништило сите предвидени цели во Киев и Харков на истокот на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Воздушната одбрана денеска околу пладне спречи украински напад со балистички ракети „Ољха“, соопшти руското Министерство.

„Четири ракети се уништени над регионот Белгород“, соопшти Министерството.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека во нов голем напад ги уништило сите цели планирани за денеска во Киев и неговите предградија, како и во Харков на истокот на Украина.

Министерството уверува дека армијата таргетирала само легитимни цели, како што се украинските компании за производство на ракети, беспилотни летала и поправка на оружје и воена опрема, како и складишта на ракети, муниција и воздушно оружје, кои му биле доставени на Киев од западните земји.

„Сите инсталации се уништени“, соопшти Министерството.

Украинските власти утринава соопштија дека руската армија извршила жестоки напади врз Украина, во кои загинаа најмалку четворица цивили, а над 90 се повредени, главно во главниот град Киев и во Харков. Украинската армија соопшти дека Русија истрелала 99 проектили од различни типови кон Украина, од кои 72 биле соборени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ