четврток, 12 декември 2024

Москва: Со ракети АТАКМС е нападната наша воздухопловна база, има штета и ранети. Ќе возвратиме (ВИДЕО)

Русија ќе возврати на украинскиот ракетен напад со американски проектили АТАКМС на воениот аеродром Таганрог, соопшти денес руското министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Киевскиот режим ноќта меѓу вторник и среда изврши напад со шест балистички проектили со долг дострел од американско производство АТАКМС на воениот аеродром во Таганрог, во јужна Русија“, се наведува во соопштението. Се додава дека две ракети биле соборени со противвоздушниот одбранбен систем „панцир“, додека останатите ги онеспособиле системи за електронско војување.

„Овој напад со западно оружје со долг дострел нема да остане без одговор и ќе бидат преземени соодветни мерки“, се наведува во соопштението на руското министерство. Се истакнува дека фрагменти од проектилите предизвикале повреди кај воениот персонал.


„Од падот на фрагменти на проектилите има повредени меѓу персоналот. Нема разурнување, додека оштетувања од шрапнел се предизвикани во два објекти во техничкиот простор на пистата, на три воени возила и цивилни возила на паркингот“, соопшти министерството.

На Телеграм беше објавено дека градот Таганрог бил под ракетен напад, и дека во текот на ноќта се слушнале силни експлозии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ