недела, 26 јануари 2025

Москва: Се врши притисок врз Србија

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко изјави дека ситуацијата на Балканот станува сè посериозна поради политиката на Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Грушко во интервју за телевизијата Русија 24 кажа дека земјите од Западот вршат константен притисок на Србија за да ја исфрлат од нејзината актуелна позиција, користејќи ги сите средства, вклучувајќи „поткопување на внатрешната стабилност“.

„Ситуацијата на Балканот се влошува и станува сè поакутна како резултат на намерната политика на НАТО, Европската Унија и Соединетите Држави. Овие земји вршат притисок на Србија да ја признае независноста на Косово и да се придружи на антируските санкции“, оцени Грушко.

Тој укажа и на обидите на западот да ја дестабилизира ситуацијата на Косово, наведувајќи дека Приштина се чувствува неказниво со поддршката од Западот.

Грушко оцени дека истиот притисок се врши и на Босна и Херцеговина, каде, како што кажа, постои „нескриен притисок на Република Српска и обиди на српскиот народ да му се одземат правата“.

„Таквата политика го покажува лицемерното однесување на Западот кој, иако постојано тврди дека ја почитува слободата на изборот, во реалноста не им  дозволува на независните земји да донесуваат свои одлуки“, заклучи Грушко.

Кога станува збор за членството на Украина во НАТО, Грушко кажа дека Русија бара „цврсти гаранции“ кои исклучуваат пристапување на Украина во НАТО, бидејќи тоа би спречило постигнување мир.

„Пристапувањето на Украина во НАТО е еден од клучните елементи на можните договори за решавање на конфликтот во Украина. ќе бараме правни гаранции кои би исклучиле членство на Украина во НАТО во која било форма, и ќе инсистираме тоа да стане официјална политика на сојузот“, кажа рускиот заменик министер.

Тој укажа на „катастрофалната одлука“ од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога воениот пакт им вети на Украина и Грузија дека ќе станат членки на НАТО.

Грушко истакна дека постоењето на таа формулација во документите на НАТО е неприфатливо бидејќи создава несигурност во процесот на решавање на конфликтот во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ