сабота, 27 јули 2024

Москва се подготвува за 9 мај: одржана генералната проба на Парадата на победата (ВИДЕО)

На Црвениот плоштад во Москва утринава се одржа генералната проба на Парадата на победата која ќе се одржи по повод денот на победата во Големата татковинска војна, како што Русите ја викаат Втората светска војна, на деветти мај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што претходно најави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, во годинешната парада ќе учествуваат повеќе од 9.000 војници и 70 парчиња воена техника.

Генералната проба почна со тоа што еден гардист на Црвениот плоштад го изнесе државното знаме на Руската Федерација и Знамето на победата, односно знамето на 150 стрелачка дивизија, со звуците на маршот „Света војна“.

Потоа, командантот и домаќинот на парадата на плоштадот ќе ги постројат групите војници кои учествуваат во настанот. На парадите во минатите години, командант беше главниот командант на оружените сили на Русија, а улогата на домаќин ја имаше министерот за одбрана.

По постројувањето, следува марширачкиот дел, кој вклучува цели полкови, баталјони и чети, поделени по родовите и видовите на војската н кои им припаѓаат, а ги следат воениот оркестар, Козаците и припадниците н Специјалната воена операција, како што Москва го нарекува конфликтот во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ