Како што претходно најави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, во годинешната парада ќе учествуваат повеќе од 9.000 војници и 70 парчиња воена техника.
Генералната проба почна со тоа што еден гардист на Црвениот плоштад го изнесе државното знаме на Руската Федерација и Знамето на победата, односно знамето на 150 стрелачка дивизија, со звуците на маршот „Света војна“.
Потоа, командантот и домаќинот на парадата на плоштадот ќе ги постројат групите војници кои учествуваат во настанот. На парадите во минатите години, командант беше главниот командант на оружените сили на Русија, а улогата на домаќин ја имаше министерот за одбрана.
По постројувањето, следува марширачкиот дел, кој вклучува цели полкови, баталјони и чети, поделени по родовите и видовите на војската н кои им припаѓаат, а ги следат воениот оркестар, Козаците и припадниците н Специјалната воена операција, како што Москва го нарекува конфликтот во Украина.
🇷🇺 Victory Day Parade rehearsals in Moscow. pic.twitter.com/op8umFfUtR
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) May 5, 2024