четврток, 26 декември 2024

Москва размислува да ги замени борците од Азов за Путиновиот сојузник Медведчук

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ја проучуваме можноста“, рече Леонид Слуцки, висок член на рускиот преговарачки тим за Украина, говорејќи од сепаратистичкиот град Доњецк во југоисточна Украина, пренесе новинската агенција РИА новости.

Медведчук (67) е политичар и еден од најбогатите луѓе во Украина и е познат по блиските врски со Путин.

Кога почна руската инвазија на Украина во февруари, тој избега од домашен притвор, но повторно беше уапсен во средината на април.

Во петокот руската армија објави дека последните борци од стратегискиот пристаништен град Мариупол, во југоисточна Украина, се предале откако со недели се држеа во челичарницата Азовстал.

Меѓу украинските борци што им се предадоа на руските војници беа членови на полкот Азов, поранешна паравоена единица што се интегрираше во украинските вооружени сили.

Русија ја опишува единицата, која има претходни врски со екстремно десничарските групи, како неонацистичка организација, вели Москва тајмс.

На 26 мај, рускиот Врховен суд треба да го разгледа барањето за класификација на полкот Азов како „терористичка организација“, што може да ја искомплицира размената на овие затвореници.

Денис Пушилин, водачот на сепаратистите од Доњецк, во саботата изјави дека на украинските војници што ја бранеле фабриката Азовстал треба да им се суди.

„Верувам дека правниот случај е неизбежен: правдата мора да надвладее“, рече Пушилин, цитиран од Риа новости, на истата прес-конференција на која зборуваше Слуцки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ