сабота, 27 јули 2024

Москва: Протекувањето на документите можеби е американска кампања за дезинформации

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа фаза, „немаме мислење за тоа… Можеби тоа е измама“, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесоа руските новински агенции.

„Со оглед на тоа што САД се составен дел од конфликтот (во Украина), каде што всушност водат хибридна војна против нас, можни се такви методи со цел да се измами непријателот, што значи Руската Федерација“, рече тој.

Кој има корист од протекувањето на американските документи?

 

Рускиот весник „Известија“ го цитира Владимир Василјев, виш истражувач во Институтот за американски и канадски студии на Руската академија на науките, кој вели дека во контекст на судирот што беснее во Америка, протекувањето ги одразува напорите на антивоените страни во рамките на Пентагон и разузнавачката заедница.

 

Василјев смета дека историјата на САД познава многу примери кога внатрешнополитичките проблеми се решавале со протекување информации.

Тој потсети на инцидентот со протекувањето на строго доверлива студија на американското Министерство за одбрана за војната во Виетнам, позната како „Документи на Пентагон“ (Pentagon Papers), објавена од воениот аналитичар Даниел Елсберг за Њујорк тајмс.

Тоа го наруши имиџот на партијата што ја поддржуваше војната во тоа време во Вашингтон, додаде тој.

Јуриј Рогулев, директор на Фондацијата за американски студии Франклин Рузвелт на Московскиот државен универзитет, рече дека намерното протекување информации преку медиумите е вообичаено во САД и обично се користат за политички и опортунистички цели, пренесува рускиот весник.

Во извештајот се наведува дека „тајните планови“ се само збирка на дела од украински, а не од американски автори.

Информациите собрани таму се слични на извештаите на Институтот за проучување на војната (ИСВ), со кој раководи поранешната американска дипломатка Викторија Нуланд.

Исто така, се посочува дека подготовката и објавувањето на слични протекувања, без разлика на валидноста на информациите содржани во нив, е доказ за внатрешна конфронтација во редовите на владејачката класа во однос на иднината на „украинскиот проект“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ