„Не можеме денес ништо да кажеме за степенот на капацитетот на новата администрација за преговори, но сепак, во однос на безнадежноста во секој поглед на претходниот шеф на Белата куќа (американскиот претседател Џо Бајден), денес постои простор, иако мал“, кажа Рјабков.
„Според тоа, важно е да се разбере со што и со кого ќе мора да имаме работа, како најдобро да изградиме односи со Вашингтон, како најдобро да се максимизираат шансите и да се минимизираат ризиците“, кажа тој на Институтот за американски и канадски студии во Москва.
Трамп, кој ја презема функцијата во понеделникот, кажа дека може брзо да ја заврши војната во Украина, не прецизирајќи како.
Вчера тој се закани дека ќе воведе нови санкции против Русија ако претседателот Владимир Путин одбие да преговара за завршување на војната, која трае речиси три години.