петок, 14 јуни 2024

Москва нападната со дронови, објави градоначалникот

Објавено на

часот

Сподели

Беспилотни летала утрово ја нападнаа руската престолнина, оштетувајќи неколку згради, рече градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Собјанин објави дека оштетувањата на зградите се мали и дека нема сериозни жртви. Жителите беа евакуирани како мерка на претпазливост, а властите ги испитуваат деталите за експлозиите, рече тој.

Официјални лица од итната помош за РИА новости рекле дека два дрона погодиле станбени згради. Засега нема информации за жртви.

Гувернерот на московскиот регион Андреј Воробјов на Телеграм напиша дека „неколку дронови“ биле соборени од воздушната одбрана додека летале кон градот.

Телеграм-каналот ШОТ објави непроверено видео од, како што рече, уништување дрон во воздух.

Најмалку две од беспилотните летала удриле во станбени кули, објавија руските државни медиуми, цитирајќи ја државната служба за вонредни состојби.

На 3 мај, Кремљ беше цел на напад со беспилотно летало за кој американските разузнавачи подоцна изјавија дека веројатно бил организиран од една од специјалните воени или разузнавачки единици на Украина. Никој не ја презеде одговорноста за денешните експлозии, ниту за оние во Кремљ претходно овој месец.

Москва се наоѓа на околу 500 километри од границата со Украина. Иако и досега имаше експлозии на беспилотни летала во близина на главниот град, се чини дека ова е прв пат беспилотни летала да погодат зграда во градот, вели Њујорк тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ